Дома Фудбал (ВИДЕО) Гол и две асистенции – Мбапе блескаше во својот прв натпревар откако стана играч на Реал

(ВИДЕО) Гол и две асистенции – Мбапе блескаше во својот прв натпревар откако стана играч на Реал

КИЛИАН МБАПЕ го одигра својот прв натпревар откако Реал објави дека тој е нивниот нов играч.

Капитенот на Франција блескаше во победата од 3:0 над Луксембург во Мец.

Мбапе асистираше за првите два гола, а третиот го постигна тој. Најпрвин по една одлична соло акција убаво му асистираше на Коло Муани за 1:0 во 43. минута.

Во 70. минута му асистираше на Клаус за 2:0. На пет минути до крајот погоди ефективно за конечни 3:0. Мбапе го постигна својот 47. гол и 33. асистенција во неговиот 78. настап за Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дини без милост за Лука: „Среќен е што воопшто е фудбалер“

Трој Дини жестоко го нападна напаѓачот на Наполи, а особено го налути односот на Лука кон …