Дома Фудбал Англија Видео: ВБА се разбуди во финишот и го „преживеа“ Ливерпул

Видео: ВБА се разбуди во финишот и го „преживеа“ Ливерпул

Откако минатата недела го шокираа Манчестер Јунајтед со победа на „Олд Трафорд“ од 1:0, Вест Бромвич Албион во првиот натпревар од англиската Премиер лига во 35 коло од англиското првенство го изненади и Ливерпул.

ВБА одигра 2:2 на својот стадион. Фудбалерите на Ливерпул веројатно веќе се со мислите на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Рома. Преку Дени Ингс Ливерпул стигна до предност уште во четвртата минута.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во второто полувреме Ливерпул беше доминантен и тоа го искористи со голот број 31 на Мохамед Салах оваа сезона.

ВБА до првиот погодок стигна на десетина минути пред крајот на средбата кога Џек Ливермор намали на 1:2, за во 88 минута Рондо да погоди за 2:2.

Со поделбата на бодовите Ливерпул се задржа на третата позиција со 71 бод. ВБА после 13 реми во сезоната и понатаму се наоѓа на последната позиција со 25 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го претстави новиот дрес за следната сезона (Видео)

Лука Модриќ ги игра последните минути од неговата трофејна кариера за Реал Мадрид. Момента…