Дома Фудбал Останато Видал за ситуацијата во Ла Лига: Уште верувам во титулата

Видал за ситуацијата во Ла Лига: Уште верувам во титулата

Играчот на Барселона Артуро Видал ги повика своите играчи да продолжат да се борат за титулата.

Барселона го победи Ваљадолид со 1:0 токму со голот на Видал, меѓутоа Барса се уште не зависи сама од себе и мора да чека барем два кикса на Реал. Реал против Гранада има прилика со победа да се врати на +4.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Искусниот чилеански играч сепак верува дека и понатаму постои шанса.

„Ова беше тежок натпревар, но најважно е што победивме. Мораме да продолжиме да се бориме во првенството. Нашата судбина не зависи само од нас, меѓутоа ние нема да се откажеме и до крај ќе веруваме дека имаме шанси“, изјави Видал.

До крајот на првенството Реал покрај натпреварот против Гранада го чека уште дуел со Виљареал дома и гостување кај Леганес во последното коло. Барса пак игра против Осасуна дома и ќе оди на гости кај Алавес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …