Дома Трансфер зона Видал е нов фудбалер на Барселона!

Видал е нов фудбалер на Барселона!

Артуро Видал може да се смета за нов член на Барселона, откако денес успешно ги помина лекарските прегледи.

За неговите услуги Барселона ќе плати 19 милиони евра плус бонуси на Баерн Минхен, а фудбалерот ќе потпиша тригодишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Трансферот е комплетиран, а Видал официјално ќе биде претставен во понеделник на „Камп Ноу“.

Се очекува Чилеанецот да дебитира на 12 август во Мароко на Суперкупот на Шпанија против Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…