Барселона и Ливерпул вечерва го играат првиот натпревар во полуфиналето од Лигата на шампионите на „Камп Ноу“.
За голем број фудбалски фанови ова е финале пред финале и веруваат дека победникот од овој натпревар на крајот ќе ја освои Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој натпревар во живо се одлучи да го проследи и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола кој вечерва е на трибините на „Ноу Камп“.
Очигледно Гвардиола не сакаше да го пропушти натпреварот на својот поранешен тим со тимот со кој денес води жестока борба за титулата во Премиер лигата.