Дома Фудбал Англија Венгер откри: Го одбив Манчестер Јунајтед

Венгер откри: Го одбив Манчестер Јунајтед

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер откри дека имал понуда од Манчестер Јунајтед, но ја одбил.

Венгер цели 22 години беше на кормилото на „топџиите“, но му било понудено да го наследи Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Од Манчестер Сити никогаш никој не ме побара, но затоа ме побараа од Манчестер Јунајтед. Не можам да ви кажам кога беше точно, но знам дека ги одбив. Не бев заинтересиран затоа што работев во Арсенал. Знаете, имав љубовна приказна со Арсенал. Мојот живот е црвено-бел“, откри Французинот.

„Кога дојдов во Арсенал почувствував дека тој има посебен шарм. Тоа беше добар микс на почитување на традицијата и луѓето. Затоа и не сакав да работам во друг клуб“, изави Венгер.

Медиумите на Островот шпекулираат дека ова се случило во 2002 година, кога Фергусон најави пензионирање, а потоа се премисли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…