Жоржињо Вајналдум се смета за сигурно засилување на Барселона, па го критикуваше однесувањето на клубот кон тренерот Роналд Куман.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Куман може да добие отказ, па неговата иднина на „Камп Ноу“ е неизвесна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Читам во медиумите што се случува помеѓу Барса и Куман. Тешко ми е да проценам бидејќи не ги познавам работите од внатре. Но, според мене е срамно што целата ситуација продолжува и тоа на ваков начин“, изјави Вајналдум.
„Не можам да негирам дека има контакт помеѓу нас. Но јас штотуку завршив со Ливерпул и има интерес од многу клубови. Се уште не е ништо одлучено околу мојот трансфер“, додаде Холанѓанецот.