Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар ќе и оддаде почит на Јулија Николиќ

Вардар ќе и оддаде почит на Јулија Николиќ

Утре тимот на Вардар ќе игра натпревар против Монпелје во Лигата на шампионите, а пред почетокот на мечот почит ќе се оддаде на поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Николиќ почина вчера околу 22 часот и тоа ненадејно без претходни здравствени проблеми.

Кариерата ја заврши во редовите на Вардар, а црвено-црните ќе и оддадат почит пред утрешниот натпревар.

„Секој што го носел дресот на Вардар е дел од нашето големо „цревно-црно“ семејство. И кога губиш дел од семејството, губиш дел од себе, и тагуваш.Но, засекогаш останува во нашите сеќавања и срца. Утре пред почетокот на средбата од ЕХФ лигата на шампионите ќе и оддадеме почит на нашата Јулија Николиќ (Портјанко). Почивај во мир!“, соопштија од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…