Дома Останати Ракомет Вардар против Пекинг го гледале 700.000 луѓе!

Вардар против Пекинг го гледале 700.000 луѓе!

0

Вардар одлично ја започна Лигата на шампионите и во три натпревари има исто толку победи во сезоната во која е бранителот на тронот, додека во СЕХА лигата црвено-црните имаат учинок три победи и еден пораз.

За хрватските медиуми зборуваше директорот на регионалното натпреварување, Синиша Остојиќ кој помеѓу другото откри дека натпреварот помеѓу Вардар и Пекинг пред ТВ екраните го гледале дури 700.000 навивачи.

„СЕХА лигата нема алтернатива на нашиот простор кој од оваа сезона го проширивме. Тоа проширување ни донесе една неверојатна статистика. Првиот натпревар на кинескиот клуб во нашата лига против Вардар преку ТВ екраните го гледале неверојатни 700.000 луѓе, бројка која претходно беше незамислива“, откри Остојиќ.

Вардар во тој натпревар ја оправда улогата на фаворит и победи со 37:23.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Левандовски: На Македонија и дозволивме само удари од далечина

Вчера Македонија претрпе пораз од Полска и така шансите за пласман на ЕП преку квалификаци…