Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар прв финалист на струшкиот турнир

Вардар прв финалист на струшкиот турнир

Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18.

Избраниците на Владо Недановски не му дадоа никаква шанса на шведски Гуиф, на полувреме заминаа со седум гола разлика, а прдноста растеше во вториот дел.

Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Златен гонг“ во „Расадник“, Скопје очекува боксери од до 20 земји

Меѓународниот боксерски турнир ќе го има своето 55. издание од 13 до 15 ноември. Домаќин н…