Во рамките од групата А во ЕХФ Лигата на шампионите Вардар денес ќе го пречека ПИК Сегед кој седум дена подоцна ќе гостува во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во овој натпревар Вардар ќе биде значително ослабен со неиграњето на пред се на Жереми Тото и Куни Моралес кои се важни играчи во ротацијата на Вујовиќ.




Покрај нив двајца Вујовиќ нема да смета и на Марко Мишевски – сите тројца останаа во Скопје поради повреда. Вардар групната фаза ја стартуваше со две победи и едно реми, но сега црвено-црните се во серија од три порази (Монпелје, Алборг, Кил). ПИК Сегед од игра страна има скор од три победи, два нерешени натпревари и еден пораз.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961