Најтрофејниот македонски клуб Вардар од денес и официјално е второлигаш.
Вардар загуби на гостувањето во Струга (1:0) во рамките на 32-то коло, резултат кој ги носи „црвено-црните“ еден ранг подолу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Струга успеа да го победи најтрофејниот македонски клуб со голот на Алтипармаковски и се наоѓа на третото место на табелата па ќе се бори за излез во Европа.
Испаѓањето на Вардар во Втора лига е само кулминација на хаосот кој владее во најтрофејниот македонски клуб.
Вардар и во 2011 година испадна од првата лига, но тогаш административно беше спасен откако се фузира со Миравци.
Пред неколку години Вардар играше и во групната фаза од Лига Европа, но во последно време е во лоша финансиска состојба и со многу долгови.
Фото: ФК Вардар