Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Мешков Брест

Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Мешков Брест

Од денеска почнува продажбата на поединечните билети за првиот домашен натпревар од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар1961 и Мешков Брест.

Средбата е закажана за 22 септември со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – 350 ден

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Алегри

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. …