Рафаел Варан минатото лето се пресели во Манчестер Јунајтед од Реал Мадрид, но после само една година сака да си замине од „Олд Трафорд“.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Францускиот стопер минатото лето самиот побара трансфер и за 50 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед, но не е задоволен како се одвиваат работите на „Олд Трафорд“.




Французинот бил разочаран од одлуката на новиот тренер Ерик Тен Хаг да го остави на клупата на првиот меч и побарал трансфер.




29-годишниот Варан во првата сезона се вклопи во сивилото на тимот и не одигра добро, а сега сака да се пресели во тим кој настапува во Лигата на шампиони.




Варан има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2025 година и би можел да го напушти „Олд Трафорд“ за 40 милиони евра.