Директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар со својата изјава ги израдува челниците на некои клубови, а пред се на Реал Мадрид.
Имено, тој изјави дека тројца од своите играчи ќе ги продаде во наредниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ништо тука не се промени. Им ветивме претходната година на Онани, Таљифико и Ван де Бек дека ќе ги продадеме следната сезона.“ – изјави Ван дер Сар.
Попуст нема да има ниту за еден од наведените фудбалери, иако светот се наоѓа во голема криза поради коронавирусот.
Кога станува збор за потенцијалните купувачи, едно е сигурно, а тоа е дека Ван де Бек скоро сигурно ќе заврши во редовите на Реал Мадрид.