Дома Фудбал Англија Ван Гал: Сакам да му се одмаздам на Јунајтед!

Ван Гал: Сакам да му се одмаздам на Јунајтед!

Холандскиот стратег, Луј ван Гал изјави дека би се вратил на тренерската работа само ако добие шанса од некој англиски клуб за да може да му се одмазди на Манчестер Јунајтед.

Ван Гал на „Олд Трафорд“ помина две години, а отпуштен беше летото 2016 година, неколку дена после освојувањето на ФА Купот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од тогаш не се занимава со тренерска работа, а беше запрашан дали би сакал да седне на кормилото на некој клуб.

„Веројатно не. Би направил исклучок само доколку добијам понуда од некој англиски клуб, тогаш би прифатил. Така би имал шанса да му се одмаздам на Манчестер Јунајтед“, изјави Ван Гал.

Претходно Холанѓанецот истака дека е незадоволен од начинот на кој беше отпуштен од клубот, бидејќи Мурињо беше договорен пред тој да добие отказ.

„Немам ништо против Жозе. Ед Вудвирд требаше да му се обрати мене за да можеме да решиме се“, заклучи Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Епско враќање на германскиот снаjпeр: Toни Крoс пoвтoрнo e блиску до Реал Мадрид

Реал Мадрид сериозно рaботи на враќањето на Тони Крoос во клубот, но не како играч, туку к…