Дома Фудбал Валверде за повредата на Меси: Ситуацијата не изгледа добро

Валверде за повредата на Меси: Ситуацијата не изгледа добро

Лионел Меси вчера го пропушти пријателскиот натпревар на Барселона против Наполи кој Каталонците го добија со 4:0.

Иако се очекуваше да ја пропушти само турнеата во САД Меси нема да биде спремен и за натпреварот од првото коло во Ла Лига во кој Барселона игра против Атлетик Билбао.

Реномираниот „Гоал“ пишува дека во Барселона се неровзни поради повредата на Меси и стравуваат оваа повреда да не биде причина за други во текот на сезоната.

„Во овој момент се опоравува од повредата и не знам дали ќе биде спремен за првиот натпревар во првенството. Ситуацијата не изгледа добро“, изјави Валверде.

Ако Меси го пропушти натпреварот против Атлетик на теренот ќе се врати на 25-ти август во натпреварот против Реал Бетис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело предвидува едно изненадување во Лигата на шампионите

Легендарниот Италијанец е убеден дека Џенаро Гатузо може да го изненади Кике Сетиен. Барсе…