Манчестер Сити и полесно од очекувањата вчера го совлада Реал Мадрид со 4:0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Блескаше Бернардо Силва кој постигна два гола во првото полувреме и беше прогласен за играч на мечот, по еден постигнаа Јулијан Алварез и Едер Милитао. Гигантот од Мадрид одигра катастрофален натпревар, а доказ за тоа се првите петаесет минути од натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тој период Реал Мадрид комплетирал само 13 додавања, додека фудбалерите на Сити имале 124. „Граѓаните“ со вкупни 5:1 се изборија за финале каде што ќе играат против Интер кој во полуфиналето го елиминираше градскиот ривал, Милан.
Финалето се игра на 10-ти мај во Истанбул на стадионот „Ататурк“.