Ливерпул запиша важна победа на гостувањето кај Астон Вила со 1:3, која е трета победа по ред за „црвените“.
„Црвените“ одлично го започнаа мечот и од самиот старт покажаа дека се дојдени по трите бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште во 5-та минута Робертсон доби фантастична топка од Александар Арнолд и му асистираше на Салах за 1:0. Ова беше 54-та асистенција за Робертсон во Премиер лигата и со тоа стана рекордер.
На средината од првиот дел Ван Дајк зголеми на 2:0 и со тој резултат се замина на полувреме.
Астон Вила одлично го започна второто полувреме, напаѓаше и создаваше шанси, па намали на 2:1 во 59-та минута со голот на Виткинс.
Во 81-та минута младиот Стефан Бајчетиќ со својот прв гол во Премиер лигата зголеми на 1:3 и стави точка на мечот.