Вчерашниот ден беше последен за Џанлуиџи Буфон како играч на Јувентус бидејќи заврши неговиот договор со „старата дама“.
Буфон цели 17 години беше член на Јувентус, а од денес е слободен играч. О тој повод со емотивна порака преку социјалните мрежи се прости од „старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„17 години во дресот на „Бјанконерите“, денес се навршуваат 17 години со толку пријатели, соиграчи, солзи, победи, порази, трофеи, зборови, лутина, разочаруваее, среќа и многу тоа, со толку емоции. Никогаш нема да заборавам ниту дел од тоа. Секогаш се ќе носам со себе“, напиша Буфон.
Италијанските медиуми пренесуваат дека во следните денови Буфон треба да пристигна во Париз на лекарски прегледи и во следните две години ќе го носи дресот на ПСЖ.
17 anni in bianconero che si concludono ufficialmente oggi. 17 anni di amici, compagni, lacrime, vittorie, sconfitte, trofei, parole, rabbia, delusioni, felicità e tante, tantissime emozioni. Non dimenticherò mai nulla. Porterò sempre tutto con me. #FinoAllaFine pic.twitter.com/Qu1vb0UOH2
— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) June 30, 2018