Дома Фудбал Останато БУФОН ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Навивачите го молат да не ја кажува оваа реченица!

БУФОН ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Навивачите го молат да не ја кажува оваа реченица!

Речиси е сигурно дека Џиџи Буфон кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По завршувањето на минатата сезона тој одлучи да го напушти Јувентус во кој ја помина целата кариера, а новата дестинација за италијанскиот голман ќе биде францускиот првологаш. Навивачите на Јувентус се загрижени и се надеваат дека Буфон нема да ја каже онаа реченица дека во ПСЖ пристигнал за да ја освои Лигата на Шампионите.

Поранешниот голман на Јувентус, Стефано Такони смета дека Буфон е идол на навивачите, но дека сепак не би му опростиле доколку го рече тоа.

„Има право да продолжи каде сака и понатаму брани на високо ниво. Само едно не смее да направи, а тоа е да каже дека пристигнал за да ја освои ЛШ. Тоа би не навредиоло сите кои навиваме за Јувентус и би ја урнал легендата за најдобар голман на сите времиња“, изјави легендарниот Такони.

Навивачите се сложуваат со Такони и сметаат дека ова е последно нешто што Џиџи би можел да го направи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бартомеу откри: Го имавме договорено Винисиус, тогаш се појави Реал Мадрид

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, откри дека клубот во едно вре…