Дома Фудбал Бруно Фернандеш може да го пропушти дербито со Ливерпул

Бруно Фернандеш може да го пропушти дербито со Ливерпул

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш може да го пропушти дербито со Ливерпул во недела, пренесуваат медиумите на Островот.

Португалецот, кој има пет асистенции во последните шест меча, се здобил со повреда на вчерашниот тренинг.

По конкретна информација за состојбата на Фернандеш ќе даде на пресконференцијата покасно денес Оле Гунер Солскјер.

Бруно Фернандеш одигра 90 минути против Аталанта во Лигата на шампиони, а неговото отсуство сигурно ќе биде голем хендикеп за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда го продаде за осум милиони евра, а Мијатовиќ сега тешко стигнува и до стартниот тим

Јован Мијатовиќ има само еден гол на 21 настап за Ајнтрахт Брауншвајг, а сезонава само едн…