Дома Фудбал Англија „Бруно не е истиот после доаѓањето на Роналдо“

„Бруно не е истиот после доаѓањето на Роналдо“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Енди Кол смета дека играта на Бруно Фернандеш многу се променила после доаѓањето на Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.

Фернандеш запиша 28 гола и 17 асистенции на 58 меча минатата сезона, но оваа сезона има само два гола на 24 меча.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Изгледа смешно, но Роналдо се врати целата игра на Бруно се промени. Порано постигнуваше голови, а сега излегува во одлична позиција и гледа како да го најде Роналдо, па веќе не е истиот играч“.

„Го гледам и се прашувам зошто? Тој има голем квалитет и не треба да се грижи дали Роналдо е во тимот. Едноставно неговата форма падна бидејќи се промени играта“, изјави Енди Кол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден од најважните фудбалери на Шкендија ја заврши сезоната поради повреда

Еден од клучните фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани, заработи сериозна повреда на натпр…