Дома Фудбал Англија Брука на Арсенал: Договориле засилување, па не можеле да го платат!

Брука на Арсенал: Договориле засилување, па не можеле да го платат!

На Арсенал не му оди на теренот, но не му оди ниту со работите надвор од него.

Пред неколку дена пишувавме дека Арсенал го договорил трансферот на шпанскиот стопер Пабло Мари од Фламенго.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој 26 годишен фудбалер пред неколку години беше под договор со Манчестер Сити, но не успеа да запише ниту еден настап. Беше испраќан на позајмици, а најдоброто го прикажа во дресот на Фламенго минатата сезона кога стигна до титулата во бразилската Серија А и Копа Либертадорес.

Мари допатува во Лондон каде што ги помина лекарските прегледи и во секој момент се очекуваше да потпише договор и тоа да биде објавено. Сепак, на крајот трансферот пропаднал затао што Арсенал не можел или не сакал да ја плати договорената сума од девет милиони евра.

Медиумите пишуваат дека управата на „топџиите“ доцна сфатиле дека не се во можност да ја исплатат таа сума.

Фотографија од аеродромот пред пристигнувањето на Мари во Лондон од пред неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …