Дома Трансфер зона Бројките околу трансферот на Гризман: Се откажал од седум милиони евра за да се врати во Атлетико

Бројките околу трансферот на Гризман: Се откажал од седум милиони евра за да се врати во Атлетико

Oткриени се бројките околу трансферот на Антоан Гризман и неговото враќање во Атлетико Мадрид.

Гризман е позајмен од страна на Барселона и за позајмицата Барселона доби 10 милиони евра. Атлетико има обврска да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра. Значи Атлетико вкупно за него ќе плати околу 50 милиони евра, а на Барселона го продаде за 120.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ништо од ова немаше да биде можно ако Гризман сам не се откажаше од дел од платата.

Имено, условот бил Гризман да прифати плата од 10 милиони евра со која би бил изедначен со Суарез, Облак и капитенот Коке.

Барселона од друга страна сакаше да се ослободи од неговата плата од 17 милиони евра, Французинот после заминувањето на Меси беше најплатениот играч во тимот.

Каталонците прво се обратиле до Атлетико со предлог за размена за Жоа Феликс кој исто така беше платен 120 милиони евра, Симеоне наводно се согласил и на таа опција, меѓутоа во клубот ја одбиле понудата. Првиот човек на клубот Хил Марин не сакал да се откаже од Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…