Дома Топ вести Брајтон не застана и со потрошените 200 милиони евра: Се засили со турски репрезентативец!

Брајтон не застана и со потрошените 200 милиони евра: Се засили со турски репрезентативец!

Екипата на Брајтон иако со претходниот трансфер на Мет О’Рајли ја надмина границата на потрошени 200 милиони евра, не застана тука.

„Галебите“ го потврдија и трансферот на турскиот репрезентативец од редовите на Фенербахче, Ферди Кадиоглу.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


За неговите услуги Брајтон плати сума од 33.5 милиони фунти и тоа е рекорд на еден излезен трансфер од турската Суперлига.

Со Брајтон, Кадиоглу потпиша договор на четири години и истиот има опција да биде продолжен на уште една сезона. Платата која ќе ја заработува во премиерлигашот ќе изнесува 2.5 милиони фунти по сезона.

Инаку, станува збор за фудбалер кој е роден во Холандија и кариерата ја започна во НЕЦ Нијемеген, а во 2018 година се пресел иво Фенербахче. За турскиот клуб одигра 204 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкупи реагира по поразот од Вардар: Предупредивме, Игор Стојчевски си ја заврши работата!

Од редовите на Шкупи реагираат на по денешниот пораз од Вардар во дербито тврдејќи дека се…