Дома Трансфер зона Бразилецот главна тема во Италија: Му даде „корпа“ на Јувентус за да се врати во Бразил

Бразилецот главна тема во Италија: Му даде „корпа“ на Јувентус за да се врати во Бразил

Фудбалерот на Лацио, Фелипе Андерсон (31) беше „веќе виден“ како прво засилување на Јувентус на лето кога му истекува договорот со Римјаните, но од тоа нема да има ништо.

Бразилецот ја промени својата одлука која во медиумите беше претставена како „завршена работа“ и одлучи да се врати во татковината каде што ќе го носи дресот на Палмеирас.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанските медиуми беа толку сигурни во неговиот договор со Јувентус што „Тутоспорт“ веќе ја подготви насловната страница за денеска со сликата на Андерсон и приказната дека тој ќе се пресели во Јувентус.

Сепак, на изненадување на сите, тој веќе потпиша договор со Палмеирас, кој ќе важи до 31 декември 2027 година, а причините за враќањето во Бразил наводно се од приватен карактер.

Андерсон два мандати го носеше дресот на Лацио. Во меѓувреме играше за Вест Хем и Порто. Претходно беше член на Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…