Дома Фудбал Останато Босфор ќе гори: Три клуба, три бода и само една титула!

Босфор ќе гори: Три клуба, три бода и само една титула!

Фудбалската сезона влегува во самата завршница, а во некои првенства се води жестока борба за титулата шампион, најнеизвесно би требало да биде во Турција.

Додека во Англија Ливерпул и Манчестер Сити со месеци се менуваат на првата позиција во Холандија, Ајакс е прв пред ПСВ поради гол разликата, во Германија Баерн и Борусија ги дат два боа, во Турција тимот на Башакешир од готово би можел да си направи версија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Башакешир е тим кој во своите редови има неколку ветерани и практично цела сезона беше водечки тим во Суперлигата, во еден момент имаа и двоцифрен број бодови предност, но клубот кој го носи епитетот „државен проект“ би можел да стане губитник на сезоната.

За викендот Башакешир запиша шокантен пораз од Гозтепе со 0:2 и Бешикташ со победата на Анкарагуц (4:1) дојде на три бода, додека Галатасарај својот натпревар од 30-тото коло го игра вечерва против Коњаспор и има прилика да го стигне Башакешир на првата позиција.

Како и да одиграат избраниците на Фатих Терим на вечерашното гостување во Коња на четири кола пред крајот клубовите ќе ги делат најмалку три бода. Башакешир ов последните четири натпревари во сезоната влегува со 62 освоени бодови, Бешикташ со 59, а Галатасарај со 59, 60 или 62.

Единствено што е сигурно е дека титулата ќе остане во Инстанбул, само прашање е во кој дел од оваа метропола.

До крајот на сезоната овие два тима ќе одиграа два меѓусебни дуели и тоа на „Турк Телеком Арената“ кога Галатасарај ќе биде домаќин на Бешикташ, а во 33-то ќе го дочека Башакешир.

Во случај да имаат ист број на бодови когаќ е заврши сезоната прво се гледа меѓусебниот дуел, а потоа гол разликата.

РАСПОРЕДОТ НА БАШАКЕШИР, ГАЛАТАСАТАЈ И БЕШИКТАШ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА:

31-во коло

3-ти мај Сиваспо – Башакешир
5-ти мај Галатасарај – Бешикташ

32-ро коло

12-ти мај Башакешир – Анкарагуцу
12-ти мај Ризеспор – Галатасарај
12-ти мај Бешикташ – Анталиспор

33-то коло

19-ти мај Трабзонспор – Бешикташ
19-ти мај Галатасарај – Башакешир

34-то коло

26-ти мај Башакешир – Аланајспор
26-ти мај Сиваспор – Галатасарај
26-ти мај Бешикташ – Кашимпаша

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…