Познатата босанска водителка и бизнисменка, истовремено и една од најпопуларните БиХ личности на социјалните мрежи, синоќа ја прослави победата на Хрватска против Данска на улиците од Загреб, а навивачката атмосфера од почетокот на натпреварот редовно ја споделуваше со своите обожаватели преку Instagram Story.
Но, освен славеничкиот амбиент во главниот хрватски град, Хана со своите обожаватели сподели и важна порака која ја упати до сите Балканци.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?

„Да, дете сум на воено Сараево. Да, со сето срце навивам за Хрватска. Да, со сето срце навивав за Србија. Запамтете, ако сте затруени со омраза, никогаш нема да бидете среќни во животот. Отворете ги малку прозорците од вашите затворени мозоци, бидејќи животот е убав толку колку што си добар комшија“, порача Хана преку Инстаграм со објава која наиде на огромна поддршка и симпатии кај нејзините обожаватели.