Дома Топ вести Борусија попушти: Санчо на чекор од Манчестер Јунајтед

Борусија попушти: Санчо на чекор од Манчестер Јунајтед

Челниците на Борусија Дортмунд долго време тврдеа дека нема да го пуштат Џејдон Санчо за помалку од 120 милиони евра, но сепак попуштија.

„Индепендент“ открива дека Борусија наводно се согласила да го пушти Санчо на „Олд Трафорд“ за 70 милиони евра, но со вклучените бонуси сумата може да достигне и повеќе од 120 милиони евра.

Договорот е постигнат преку посредници, па во наредните денови треба и официјално да биде комплетиран.

„Црвените ѓаволи“ ќе платат 70 милиони евра во кеш, а остатокот преку бонуси кои Санчо во наредните сезони треба да ги исполни.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Феран Торес пристигна на лекарски прегледи

Напаѓачот на Валенсија, Веран Торес пристигна во Барселона каде ќе ги мине задолжителните …