Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.
Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона веќе подолго време го следат Камавинга, но Борусија Дортмунд е спремна да го „украде“ пред носот на гигантите.
„Милионерите“ се експерти за купување на млади фудбалски таленти, па после Халанд сега се насочуваат кон Камавинга и се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис.