Овој викенд конечно се враќа една од петте најсилни лиги во Европа, односно после два месеци пауза, се продолжува Бундеслигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веднаш, во сабота, љубителите на фудбалот можат да уживаат во едно големо дерби, дуелот Борусија Дортмунд – Шалке на Вестфален.
Нормално, навивачи нема да има на стадионот, а Борусија, но и градските власти се надеваат дека нема да бидат ниту на улиците, пред стадионот, ниту дека ќе се соберат на некое друго место.
Градските власти и клубот апелираа до навивачите да не се собираат во групи поради ризикот од ширење на коронавирус.
„Сите треба натпреварот да го гледаат од дома, тоа е многу важно за повторно враќање на фудбалот.“ – порача спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.
Инаку, дербито помеѓу овие два клуба се игра во сабота од 15:30 часот.