Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Зидан почна преговори со еден од најдобрите играчи во светот

„Бомба“ од Островот: Зидан почна преговори со еден од најдобрите играчи во светот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан започна преговори со еден од најдобрите фудбалери на денешницата за трансфер во „кралскиот“ клуб, пренесува „Сан“.

Францускиот стратег веќе неколку месеци наназд има намера да го ангажира Еден Азар, но челниците на Челзи се противат и прават се за да го задржат Белгиецот на „Стенфорд Бриџ“.

Раководството на Реал смета дека Азар би бил идеален наследник на Кристиано Роналдо и долгорочно решение за таа позиција, но проблем е што Белгиецот има долг договор со Челзи. Притоа „сините“ имаат намера да му понудат нов финансиски подобар договор.

„Сан“ пренесува дека Зидан наводно стапил во контакт со Белгиецот и добил зелено светло. Имено, Азар нема ништо против следното лето да се пресели во Мадрид и да работи под палката на својот идол.

Азар и оваа сезона блеска во дресот на Челзи каде до сега одигра 20 натпревари на кои постигна 8 гола и запиша 7 асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Витсел паднал по скали во својот дом, па ќе го пропушти клучниот натпревар во ЛШ

Проблеми за Борусија пред клучниот натпревар во Лигата на шампионите. Во натпреварот од по…