Дома Топ вести „Бомба“: Модриќ се сели во Серија А

„Бомба“: Модриќ се сели во Серија А

Лука Модриќ најверојатно ја игра последната сезона во Реал Мадрид, но нема да стави крај на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ веќе 10 сезони го носи дресот на Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најважните и најтрофејни играчи во историјата на „кралскиот“ клуб.

Со оглед дека на истекот на договорот ќе има 37 години, најверојатно Хрватот ќе ја заврши авантурата во Мадрид на крајот на сезоната.

Силен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да го донесат на лето во своите редови со оглед на фактот што игра на многу високо ниво.

Модриќ сака да ја заврши кариерата во Реал, но ако „кралевите“ не му понудат нов договор, тогаш е спремен да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…