Реал Мадрид се соочува со нови проблеми пред продолжение на сезоната затоа што листата со повредени играчи се зголеми на девет фудбалери.
Во период од само неколку дена, Анчелоти доби лоши вести за Чуамени, Менди и Милитао, но новите три повреди значат дека една третина од тимот на Реал е во аут.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анчелоти во следниот период не може да смета на Едер Милитао, Јакомо Ремон, Џуд Белингем, Едуардо Камвинга, Орлиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себаљос, Давид Алаба и Жоан Мартинез.
„Кралевите“ по четири одиграни кола се наоѓаат на делба на втората позиција и имаат осум бодови, односно четири помалку од лидерот Барселона.