Некогаш големата ѕвезда Кевин Принс Боатенг кариерата ќе ја продолжи во Серија Б.
Искусниот 33 годишен офанзивец се договори со новиот второлигаш во италијанскиот фудбал Монца и ќе ги засили редовите на овој тим кој го предводи славниот Силвио Берлускони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Берлускони сака што побрзо Монца да биде дел од Серија А затоа и пристигнуваат засилувања, а Боатенг е уште еден во низата.
Претходно Монца издвои 4.5 милиони евра за Мирко Маркиќ, пристигна талентираниот Бразилец од Коринтијас Карлос Аугусто…Тоа се само дел од неколкуте засилувања.
Јасно е дека Монца не сака само да биде учесник во Серија Б и нема да биде изненадување ако уште оваа сезона се борат за место во најсилната италијанска конкуренција.
Кога е Боатенг во прашање тој минатата сезона играше за Бешикташ на позајмица од Фиорентина. Во неговата богата кариера настапуваше за екипи како што се: Барселона, Милан, Борусија, Тотенхем…
#Boateng will join @ACMonza today, again with @berlusconi and #Galliani after @acmilan experience #transfers @SkySport @SkySportsNews
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 24, 2020