Дома Фудбал Останато Боатенг: Да бев повеќе мотивиран денес можеби веќе 10 години ќе играв во Реал или Манчестер

Боатенг: Да бев повеќе мотивиран денес можеби веќе 10 години ќе играв во Реал или Манчестер

Кевин Принс Боатенг е еден од оние играчи за кои може да се каже дека можеле да направат многу повеќе во својата кариера.

Иако играше во многу клубови Боатенг баш и не го покажа потенцијалот кој го поседува, а оваа зима на изненадување на сите од Сасуоло направи трансфер во Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, Боатенг не се прослави во Барселона и одигра само три натпревари, поголемиот дел периодот тој е надвор од составот на Каталонците.

Боатенг во едно интервју откри досега можеби за многумина непознати кандидати.

„Како 18 годишник ми беше потребен агент. Морав се сам да правам. Многу добро знам дека проблем и денес ми мотивацијата која никогаш сум ја немал на 100%“, започна Боатенг и продолжи прилично самоуверено.

„Доколку бев максимално мотивиран можеби ќе бев дел од првиот тим на Барселона или пак веќе 10 години ќе играв за Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед“…

Боатенг во 2009 година беше на позајмица од Борусија Дортмунд, а тренер во тоа време на „милионерите“ беше Јирген Клоп кој сакаше во целост да го откупи неговиот договор.

„Борусија тогаш за еден гол пропушти да се пласира во Лигата на шампионите. Доколку се пласираа ќе ме доведеа. Клоп лично ме повика и ми кажа дека нема да има ништо од трансферот. Бев тажен. Вообичаено сум силен, но тогаш заплакав“, откри Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…