Дома Фудбал Англија „Би-Би-Си“ ги објави наградите во Премиер лигата: Хендерсон и Клоп прогласени за најдобри!

„Би-Би-Си“ ги објави наградите во Премиер лигата: Хендерсон и Клоп прогласени за најдобри!

И покрај фактот што фудбалот во Англија е запрен скоро два месеци поради пандемијата од коронавирус, сепак националниот сервис „Би-Би-Си“ ги објави традиционалните награди за Премиер лигата.

„Би-Би-Си“ ги објави победниците во 10 категории, а меѓу победниците очекувано доминираше Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Играч на сезоната – Џордан Хендерсон

Капитенот на Ливерпул доби 23% од гласовите и ја победи конкуренцијата од Садио Мане (17%) и Кевин де Брујн (14%).

Менаџер на сезоната – Јирген Клоп

Менаџерот на „црвените“ убедливо ја освои наградата со дури 55% од гласовите. На второто место е Крис Вилдер од Шефилд Јунајтед, а на третото Нуно Еспирито Санто од Вулверхемптон.

Менаџерот на „црвените“ убедливо ја освои наградата со дури 55% од гласовите. На второто место е Крис Вилдер од Шефилд Јунајтед, а на третото Нуно Еспирито Санто од Вулверхемптон.

За изненадување на сезоната беше прогласен Адама Траоре од Вулверхемптон. Најдобар млад фудбалер е прогласен Трент Александер – Арнолд од Ливерпул.

За најубав гол на сезоната беше прогласен голот на Хјун Мин Сон против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Ако и Рома и Евертон се квалификуваат за Лига Европа, што не е невозможно сценарио, овие д…