Српскиот клуб Црвена Звезда го продаде младиот 18-годишен Коста Недељковиќ во Астон Вила.
Црвена Звезда ја прифати понудата вредна девет милиони евра и ќе добие 15% од следната продажба на фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Недељковиќ до крајот на сезоната ќе остане на позајмица во Црвена Звезда а во јуни ќе замине во Бирмингем.
Недељковиќ е едно од откритијата во тимот на Црвена Звезда оваа есен, а добрите игри на талентираниот десен бек ги забележа и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, кој најави дека ќе го повика во репрезентацијата.