Баерн Минхен до сега потроши 118 милиони евра ова лето, но гигантот од Минхен нема намера тука да запре.
Баварците сакаат да изградат нов тим после заминувањето на Арјен Робен и Франк Рибери, како и продажбата на Хумелс на Борусија Дортмунд. Клубот сега е насочен кон доведувањето на помлади играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од метите на Баерн беше Лерој Сане од Манчестер Сити кој во минатата сезона одигра 47 натпревари и постигна 16 голови, но и покрај тоа се пишува за негово заминување од „Етихад“.
Затоа Баерн тргна да го доведе, меѓутоа проблем прави англискиот клуб кој сака премногу пари за 23 годишниот крилен играч па германскиот шампион мора да се насочи кон алтернативни решнија.
Германски „Билд“ пишува дека Сане останува приоритет на Баерн кој сега има „план Б“ доколку не успее да го доведе играчот на Сити, а тоа е Осман Дембеле од Барселона.
Се наведува дека Хасан Салихамиџиќ се сретнал со негов претставник уште во март иако тогаш тој не бил приорите. Ако Гризман и Нејмар како што се најавува навистина пристигнат во Барселона тогаш Дембеле веројатно ќе мора да побара некој нов предизвик.
Уште една причина поради која медиумите на Дембеле му даваат предност на Дембеле во однос на Сане е изјавата на Хенес од неодамна во која зборуваше дека со платените 80 милиони евра за Хернандез Баерн го достигнал лимитот кога во прашање е еден играч.
„Не играме Монопол. Ние сме фудбалски клуб. Со 80 милиони го достигнавме својот лимит, мислам дека нема да ја надминеме таа бројка“, изјави неодамна Хенес.
Bayern have Ousmane Dembélé (22) on the radar in case the transfer of Sané fails. Rummenigge is internally considered as a big advocate for the player. Salihamidžić met one of Dembélé's agents in late March even though the topic was not as hot back then [@cfbayern, SportBild] pic.twitter.com/8I5SzZ4z90
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 26, 2019