Дома Топ вести „Билд“: Де Лихт го избра Баерн, преговорите се веќе започнати

„Билд“: Де Лихт го избра Баерн, преговорите се веќе започнати

Баерн Минхен неочекувано стана фаворит за потписот на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста ја потврди и „Скај Спорт“ кој тврди дека Баварците веќе започнале преговори со Јувентус, бидејќи Де Лихт е прецизно барање на тренерот Нагелсман.

Самиот Де Лихт, за кого интерес покажува и Челзи, истанал импресиониран од разговорот со Нагелсман и поради тоа избрал да се пресели во Баерн Минхен.

Меѓутоа, високата цена може да се покаже како проблем, бидејќи Баерн во моментов е спремен да понуди 60 милиони евра, а Јувентус не сака да го пушти за помалку од 80 милиони.

Челзи исто така се уште е во трката за потписот на дефанзивецот, но самиот Де Лихт преферира трансфер во Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…