Дома Фудбал Германија Бизарна ситуација во Бундеслигата: Поради паста за заби тренерот на Аугусбург нема да го води тимот во сабота

Бизарна ситуација во Бундеслигата: Поради паста за заби тренерот на Аугусбург нема да го води тимот во сабота

Tренерот на германскиот бундеслигаш Аугусбург Хелко Херлич нема да биде на клупата на неговиот клуб во сабота во првиот натпревар во продолжувањето на сезоната.

Херлич требаше да дебитира како тренер во сабота против Волфсбург кога ќе продолжи германското првенство. Тој нема да биде на клупата затоа што го напуштил карантинот за да купи паста за заби.

„Погрешив го напуштив карантинот и морам да ја прифатам ситуацијата“:

Освен што нема да биде на натпреварот тој не ќе може да го води и тренингот на неговиот тим пред натпреварот.

Бундеслигата продолжува утре и таа е прва од најсилните европски првенства кои се враќаат на терените. Сите фудбалери и тренери се во задолжителен карантин седум дена пред почетокот на првенството со цел да се намали ризикот од зараза.

Поранешниот германски репрезентативец, Херлич на 10. март беше поставен за тренер на Аугусбург на чија клупа го замени Мартин Шмид.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…