Дома Трансфер зона Беше на чекор до Интер, сега потпишува за Јувентус

Беше на чекор до Интер, сега потпишува за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, но трасферот пропадна во последен момент.

Интер постигна договор со Удинезе за трансфер тежок 20 милиони евра плус еден младински фудбалер, веќе закажа лекарски прегледи, но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Самарџиќ и оваа сезона ја започна одлично, а сега силен интерес за него покажува Јувентус.

„Бјанконерите“ веќе почнале преговори со агентот на Самарџиќ и сакаат да го доведат во зимскиот преоден рок како замена за суспендираниот Фаџоли.

Јувентус е спремен да ја плати сумата од 20 милиони евра плус бонуси колку што бара Удинезе за неговата слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…