Дома Топ вести Беше „избркан“ од Јунајтед, а сега сака трансфер во Реал!

Беше „избркан“ од Јунајтед, а сега сака трансфер во Реал!

Мемфис Депај замина од Јунајтед и се пресели во Лион, но Холанѓанецот сеуште има големи амбиции.

Имено, Депај беше еден од најлошите фудбалери на Манчестер Јунајтед по пристигнувањето на Жозе Мурињо, па не  е ниту чудно што Португалецот не сметаше на него.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Холанѓанецот во Лига 1 заигра многу подобро, започна да постигнува голови и асистира, но прашање е како би се снашол во некој поголем клуб.

Сепак, тој даде храрба изјава во која истакнува дека се надева дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид, бидејќи тоа е негов најголем сон.

„Верувам дека еден ден ќе заиграм за Реал Мадрид. Тоа е мојата цел. Бог тоа најдобро го знае и тој ќе ми помогне да го остварам“, изјави Депај.

Депај во јануари оваа година пристигна во Лион, а до сега постигна осум погодоци на 27 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…