Се сеќавате на браќата Рафаел и Фабио да Силва? Како тинејџери важеа за едни од најголемите таленти во светот и во 2008 година двајцата во пакет од Флуминенсе пристигнаа во Манчестер Јунајтед кај легендарниот Фергусон.
И додека Рафаел направи солидна кариера, неговиот брат близнак Фабио не се наигра во Јунајтед, па својот фудбалски леб го бараше по позајмици во послабите клубови од Премиер лигата.
Fabio da Silva since leaving Manchester United in 2012.
He has been relegated with QPR, Cardiff and now Middlesbrough. #PulseSports pic.twitter.com/QYzzhY4abj— Pulse Ghana Sports (@PulseSportsGh) May 8, 2017
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред пет години замина на позајмица во КПР, лондонскиот клуб таа сезона испадна од Премиер лигата, па Бразилецот се врати на „Олд Трафорд“, каде беше далеку од првиот тим и одигра само три натпревари.
Во 2013 година го раскина договорот со „црвените ѓаволи“ и потпиша за Кардиф, а велшкиот клуб истата сезона испадна во понизок ранг.
Минатото лето Фабио се пресели во Мидлзборо и нормално, овој клуб наредната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип бидејќи испадна од Премиер лигата.
Ќе биде интересно да се види каде несреќниот Фабио ќе ја продолжи кариерата.