Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва имал личен договор со Пеп Гвардиола да добие „зелено светло“ да замине доколку во клубот пристигне доволно добра понуда.
Бернардо Силва уште минатото лето сакаше да си замине од „Етихад“, но тогаш Гвардиола го убеди да остане, но му ветил дека ова лето ќе му биде дозволено да замине доколку пристигне понуда.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.
Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.
Најсилен интерес за него покажува Барселона, па сега Португалецот притиска да му биде дозволен трансфер на „Камп Ноу“.