Дома Фудбал Англија Бербатов: Рагник не знае како се води голем клуб

Бербатов: Рагник не знае како се води голем клуб

Навивачите на Манчестер Јунајтед не се премногу задоволни од она што Ралф Рагник го прикажува во неговите први натпревари, меѓутоа веруваат дека Германецот може да го изнесе тимот на вистинскиот пат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, поранешниот голгетер од Премиер лигата, Димитар Бербатов не е толку убеден во квалитетите на Рагник.

„Јунајтед треба многу работи да подобри, јас не верувам во Рагник. Рагник никогаш не водел голем клуб, ова е друго ниво. Мислам дека не знае како да успее во топ клуб. Многу се зборува за неговите квалитети, меѓутоа да се биде тренер на Манчестер Јунајтед е многу поразлично од се што правеше во неговата кариера“, изјави Бербатов.

Ќе потсетиме, Рагник дојде како решение на клупата до крајот на сезоната, потоа треба да пристигне друг тренер, а тој да остане во клубот со друга функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…