Дома Трансфер зона Бензема веќе знае каде ќе игра после Реал Мадрид?

Бензема веќе знае каде ќе игра после Реал Мадрид?

Францускиот напаѓач Карим Бензема пристигна во Реал Мадрид пред скоро 12 години од редовите на Лион.

Бензема е дете на францускиот клуб, а летото 2009 година одлучи да потпише за Реал Мадрид кој за него плати 35 милиони евра. Од тогаш со успех го носи дресот на „кралевите“.

Овој 33 годишен напаѓач со Реал Мадрид и ма договор до летото 2022 година и шпанските медиуми пишуваат дека не е невозможно Французинот да го препушти местото во нападот на Реал на некој помлад.

На таа тема зборуваше агентот на Бензема Карим Џазири.

„Верувам дека ќе се врати во Лион. Никогаш не играл на стадионот кој беше отворен во 2016 година и желбата му е да се врати „дома“ и таму да ја заврши кариерата. Не знам кога ќе се случи, но сигурен сум дека еден ден повторно ќе заигра за Лион“, изјави Џазири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на ПСВ

Европските гиганти Ливерпул и Милан покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на ПСВ, Донјел…