Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.




Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода на лето ќе бара 150 милиони евра.




Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓
Споменатите клубови нема да жалат пари за неговиот потпис, но англискиот талент веќе го избрал следниот клуб.
„Марка“ пренесува дека Белингам сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, а „кралевите“ веќе го подготвуваат теренот за негов трансфер.




Весникот пренесува дека Англичанецот ќе биде главна трансфер цел на Реал за јуни 2023 година и дека ќе се обидат да го договорат трансферот уште во јануари.




Белгинам е спремен да ги одбие англиските клубови, бидејќи сака кариерата да ја продолжи на „Сантиаго Бернабеу“.