Дома Фудбал Останато „Бев против трансферот на Роналдо во Јувентус, неприфатливи беа финансиските услови“

„Бев против трансферот на Роналдо во Јувентус, неприфатливи беа финансиските услови“

Спортскиот директор Бепе Марота долги години успешно работеше во Јувентус, но подоцна се одлучи да го напушти Торино и се пресели во најголемиот ривал на црно-белите, Интер.

Марота со одличната работа продолжи и во Торино, а сега зборуваше за трансферот на Кристијано Роналдо за 100 милиони евра.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Призна Марота дека тој бил против доведувањето на Португалецот во таа 2018 година кој во Јувентус доби плата од 31 милион евра по сезона. Роналдо сепак не ги исполни очекувањата, бидејќи беше доведен со цел да се освои Лигата на шампионите, а тоа не се случи.

„Во Јувентус поминав десет прекрасни години, меѓутоа кога сопствениците ќе ја променат стратефијата време е менаџерот да се тргне на страна.

Со трансферот на Роналдо не се согласував, никој не ги доведуваше неговите квалитети во прашање, меѓутоа за мене дискутабилни и неприфатливи беа финансиските услови“, изјави Марота.

Роналдо по Јувентус се врати во Манчестер Јунајтед каде што не се задржа долго и го напушти европскиот фудбал за да настапува за Ал Наср каде и што е денес. Ќе потсетиме Роналдо 2023 година ја заврши како најдобар стрелец на клупски план постигнувајќи 54 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат првиот фаворит за наследник на Тухел во Баерн

Сегашниот тренер на Брајтон, Де Зерби е еден од најбараните и ќе има голем избор каде да ј…